Човек леташе со брзина од 165 километри на час, со помош на ракетен ранец и направа со млазен мотор закачена за неговите нозе, што може да се забележи на видеото снимено во Јута и во Лас Вегас, САД.

Поранешниот шампион во скијање на млазен погон, познато и како џет-ски, Френки Запата, е изумител на револуционената направа, во рамките на неговиот проект „Флајборд ер“.

Футуристичкиот лет прикажан во видеото, во голема мера наликува на летот на Зелениот Гоблин, анимираниот лик кој се појавува во стриповите за Спајдермен.