На годинешното доделување на „оскарите“ познатиот рапер Еминем го изведе својот хит „Lose Yourself“ од филмот „Осум милји“ за кој освои „оскар“ во 2003 година.

Реакцијата на Мартин Скорсезе, кој се чини дека спиеше за време на изведбата на Еминем, привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Скорсезе беше номиниран за најдобар режисер за филмот „Ирецот“ , но загуби од Бонг Џун-хо и неговиот филм „Паразит“.