Популарната детска игра „брканица“ е претворена во своевиден спортски спектакл, благодарение на натпреварувањето „Ворлд чејс таг“ кое го основаа браќата Британци Кристијан и Дејмиен Дево. 

Натпреварувачите се бркаат на полигон со пречки, со што секој меч се состои од 16 „брканици“, а во еден тим има по четворица играчи. Рундата „брканица“ трае по 20 секунди, во кои еден натпреварувач го брка противникот, кој пак, му носи поен на својот тим доколку не биде фатен. Тимот со најмногу успешни бегства е победник.

За успех се потребни брзина и агилност, па најголемиот дел од учесниците веќе имаат искуство од дисциплината паркур.