„Апокалипсус Македоникус“ се одвива во 2049 година. Тина и Томо посетуваат неколку места во Македонија и се присетуваат како било во минатото. На Скопје се сеќаваат само по смогот, од Охрид го паметат големиот помор на пастрмки, а на северната македонска граница им завидуваат на соседите што ја обновиле природата со обновлива енергија. Станува збор за приказната во најновото видео од серијалот на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“, кое го изработи Институтот за комуникациски студии.