Кучето Спелација на италијанскиот фармер Кристијано Малочи роди пет кутриња меѓу кои едно со ретка зелена боја, пренесува Би-би-си.

Браќата и сестрите на зелениот Пистачио се со бело крзно, иста боја како и нивната мајка.

Зелено куче е многу ретка појава. Се верува дека е резултат на контакт на кученцето со зелен пигмент наречен биливердин додека било во матката.

Но она што за многумина ќе биде тажна вест e дека бојата на Пистачио веќе почна да бледее.