Џиновска медуза била забележана во близина на брегот на англискиот округ Корнвол, објави Би-би-си.

Нуркачите од организацијата „Вајлд Оушн Вик“ пред два дена снимиле огромна медуза под назив морски белодроб за време на експедиција во близина на брегот на градот Фалмут. Биологот Лизи Дели изјави дека ова необично суштество во водата било долго исто колку нејзиното тело.

Морскиот белодроб е најголемиот вид на медуза во британските води, со просечен дијаметар на телото од околу 40 сантиметри.