Во Белата куќа стигна денеска божикната елка која официјално ја прими првата дама, Меланија Трамп.

Дрвото до главната врата во Белата куќа беше донесено со запрежно возило кое го влечеа коњи, додека членовите на воениот оркестар свиреа божиќна музика.

Елката ќе се најде во центарот на прославата за Божиќ во Белата куќа, пренесува „АП“.