Голем балон на кој е претставен ликот на Доналд Трамп како бебе, беше пуштен на протестите во Лондон, по повод посетата на американскиот претседател на британската престолнина. Трамп допатува во Лондон синоќа, по Самитот на НАТО во Брисел. Тоа е прва посета на Трамп на Велика Британија откако стана претседател на САД.