Балерини го играа „Лебедово езеро“ пред Операта во Париз во знак на протест. Ваквиот потег е во знак на протест поради плановите на владата на францускиот претседател Емануел Макрон да ја помести пензиската граница.

Балерините, во придружба на симфониски оркестар настапија пред стотици гледачи. Зад нив беа транспаренти со натпис „Култура во опасност“.

Тие имаат дефиниран план за пензионирање кој датира од 17 век и го вклучуваат нивното право на целосна пензија на 42 години. Доколку помине реформата на пензискиот систем во Франција, тие може да ги загубат бенифициите кои ги имаат.