Валериана Корели е 84 годишна старица која стоеше два часа и спортски ги поздравуваше учесниците на маратонот во Равена, Италија. Некои од учесниците дури ја преминуваа улицата за да ја поздрават, а други ја поздравуваа со голема насмевка на своите лица. Госпоѓа Корели поради ова беше наречена Маратонска бабичка од локалните жители. Роберто Каталано, кој ги улови овие мигови од маратонот ги опиша како мигови на спорт, љубов и заедништво.