Уништување на стресот со чекан во „собите за гневот“

122

Во подземна соба наречена „Акс Рејџ Румс“ во Аман, Јордан, луѓето се ослободуваат од нивните фрустрации уништувајќи ги со чекан старите телевизори, принтери, компјутери, како и стакла од коли. Ваквите простории кои се познати како „соби за гнев“ стануваат сѐ повеќе популарни низ целиот свет, а им служат на луѓето да се ослободат од стресот и нервозата.