Триесет и шесте мастерс-трофеи на Ѓоковиќ во 36 секунди

420

Најдобриот светски тенисер, моментно, Новак Ѓоковиќ, вчера го освои својот 36-ти трофеј на мастерс-турнирите од серијата 1000, со победата над Аргентинецот Диего Шварцман со 7-5 и 6-3 по сетови, во финалето на Италија опен во Рим, за да го надмине Рафаел Надал по бројот на трофеи од турнирите кои се од вториот ранг на натпреварувања, веднаш зад гранслемите. Во видеото во продолжение, прикажани се сите 36 трофеи на Ѓоковиќ во 36 секунди.