Судирот на галаксиите создава „вселенски очи“

1751

Судирот на две галаксии може да се забележи на најновата видео-снимка направена со вселенскиот телескоп „Хабл“, пренесуваат американските медиуми.

Галаксиите „НГЦ 2207“ и „ИЦ 2163“ наликуваат на очи. Тие се оддалечени околу 80 милиони светлосни години од Земјата.

Се очекува галаксиите потполно да се соединат за неколку милиони години.