„Старлајнер“ безбедно се врати на Земјата по неуспешната мисија

180

Капсулата „Старлајнер“ на „Боинг“ слета во пустина во Ново Мексико, затоа што не успеа да стигне до Меѓународната вселенска станица. Неуспешната мисија би можела да ги наруши напорите на компанијата за праќање на астронаутите на НАСА во вселената, в година.

На местото на пилотот се најде кукла. Исто така, вратени се и празничните подароци, облеката и храната што тој требало да ги достави до екипажот на вселенската станица.

НАСА не е сигурна дали од „Боинг“ ќе побара уште еден пробен лет пред испраќањето на своите астронаути во вселената, во првата половина на 2020 година.

Истата капсула треба да се користи за летот со екипажот.