„Спејс екс“ направи значителен чекор кон супербрзото лансирање

143

Ракетата „Фалкон 9“ испрати индонезиски телекомуникациски сателит во орбитата, по лансирањето од Кејп Канаверал, САД, во петнаесеттата мисија на „Спејс екс“ годинава. 

Се смета дека оваа мисија претставува значителен чекор кон повторната употреба на ракетите во рекордно кратко време, откако беше лансирана ракетата „Блок 5“ која првобитно беше употребена во мај.

Повторното лансирање по 24 часа претставува цел на извршниот директор на „Спејс екс“ Илон Маск, како што наведувааат медиумите.