„Спејс Екс“ лансираше седум сателити со „Фалкон 9“

1121

Ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс Екс“ испрати два сателити за мапирање на гравитацијата за потребите на Американската вселенска агенција НАСА, како и пет комуникациски сателити за компанијата „Иридиум“, во орбитата, по лансирањето од воената база Ванденберг во Калифорнија, САД.

Компанијата „Спејс Екс“, која ја воведува новата генерација на технологијата „Фалкон 9“, прати и брод опремен со мрежа во Тихиот Океан, што требаше да се обиде да ги спаси деловите од „носот“ на ракетата.

Бродот познат како „Господин Стивен“, сепак, не успеал да ја исполни задачата, и покрај тоа што бил „многу блиску“, според коментаторот на лансирањето.