Спектакуларен огномет во Русија за Денот на победата

273

Русија го одбележа Денот на победата против фашизмот со спектакуларен огномет.

Пред крајот на огнометот небото беше украсено со боите на руското знаме.

Луѓето беа излезени на терасите од своите домови за да го проследат огнометот кој траеше десетина минути, а една од зградите беше осветлена во форма на бројот 75, означувајќи ја годишнината од победата во Втората светска војна.

Денот на победата над фашизмот годинава во Русија, поради пандемијата од коронавирусот, помина без традиционалната воена парада на Црвениот плоштад во Москва.

Над градовите во Русија во текот на денот прелетаа најмодерните воени воздухопловни средства во знак на сеќавање на хероите од Втората светска војна.