„Простор“ објавија видеозапис за песната „Мој“

128

Групата „Простор“ објави видеозапис за нивната четврта песна „Мој“. Звукот на „Простор“ е синтеза на повеќе стилови, како есид-џез, фанк со примеси на поп, рок, соул и џез.

Во групата членуваат основачот и клавијатурист Димитар Ганчевски, вокалистката Моника Јанков, басистот Никола Автовски, гитаристот Марко Цветановски и тапанарот Никола Белковски. Ганчевски е композитор и аранжер на сите песни на бендот, како и автор на дел од нивните текстови.