Опасната игра „Момо“ се шири на социјалните мрежи

2464

По „Синиот кит”, опасна игра поради која неколку стотици деца во светот извршија самоубиство, се појави уште една контроверзна онлајн игра – „Момо“, која се распространува преку апликацијата Ватсап.

Играта е наменета за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство, укажуваат стручни лица.

Приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи, за која се смета дека е инспирирана од хорор куклата на јапонскиот уметник Мидори Хајаши, кој формално нема никаква поврзаност со играта.

Децата добиваат серија предизвици, откако ќе контактираат со Момо, а доколку тие одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.

Бизарната онлајн игра е пријавена во Аргентина, во Мексико, во САД, во земјите на Јужна Америка, во Франција и во Германија, а се проширува и во другите европски држави.