Не сите се доволно брзи за трка со биковите

298

Пет лица се повредени на првиот ден од традиционалната трка со бикови низ улиците на шпанскиот град Памплона, соопшти денеска локалната канцеларија на Црвениот крст. Во соопштението се наведува дека едно лице е повредено кога бик го прободел со рогот, додека остантите четворица се здобиле со гребанци и удари при паѓање.

Во трката на улиците низ центарот на Памплона учествуваа околу 2.000 лица, повеќето од нив облечени во бело и со црвени шалови околку вратовите, кои бегаа пред шест бикови и шест волови.