Неупотребливи тастатури претворени во уметност

119

Американскиот град Солт Лејк Сити е дом на Ерик Џенсен кој прави уметнички дела од копчињата на старите тастатури. Тој е глув уметник кој бил фасциниран од старите, неупотребливи тастатури што луѓето ги фрлаат. Џенсен со подредување на нивните копчиња прави извонредни уметнички дела. Додека работи, тој сака да ги подредува буквите и да формира скриени зборови, а истовремено помага во спречување на загадувањето.