„Нацистичкиот рингишпил“ воопшто не е забавен

439

Забавниот парк „Летот на орелот“, кој беше отворен пред само неколку недели во близина на Фрајбург во југозападна Германија, мораше да биде затворен откако на видео беше забележан рингишпил со авиони во форма на нацистичкиот кукест крст, пренесува „Јуроњуз“.

Свастиката и симболите поврзани со нацизмот се осетлива тема во Германија, а портпаролот на паркот изјави дека не била забележана контраверзната сличност сѐ додека не било објавено видеото на Интернет.

– Стапивме во контакт со произведувачот на рингишпилот и беше договорено контроверзниот рингишпил да биде изложен на преработка. На овој начин, бројот на ротирачките авиони ќе изнесува три, наместо четири кои наликуваат на свастика – објаснува Радигер Браун, сопственик на забавниот парк.