Мисијата на „Спејс екс“ означи нова ера за НАСА

827

„Спејс Екс“ на Илон Маск успешно испрати четворица астронаути кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) преку првата вселенска мисија што за НАСА ја изведе приватна компанија, пренесуваат светските медиуми. На летот се наоѓаат Американците Мајкл Хопкинс, Виктор Главер и Шенон Вокер и искусниот јапонски астронаут Соичи Ногучи.

– Ова беше едно лудо полетување. Имаше многу насмевки – кажа Хопкинс од капсулата „Кру дрегон“.

Компанијата на Маск за мисијата ги обезбеди капсулата и ракетата, откако НАСА почна нова ера во која рутинските летови со астронаути во ниската орбита на Земјата ќе ги изведуваат комерцијални партнери. „Спејс Екс“ потпиша договор со НАСА од три милијарди долари за развој, тестирање и лансирање на астронаутска такси-служба.

Летот треба да трае 27 часа, од кои патниците ќе одмораат осум часа.