Мини маус кажа „да“

109

Еден посетител ѝ предложи брак на Мини маус во забавниот парк на Дизни во Орландо, САД, како што може да се забележи во видеото што го привлече вниманието на социјалните мрежи и на медиумите. Снимената шега собра преку три милиони прегледи на Твитер по нејзиното објавување.

Извесниот Џони Џин клекна на едно колено пред костимираниот лик на Мини маус, за да ја побара нејзината рака, што глувчицата го прифати, на што насобраната публика реагираше радосно.

Но, запросувањето не му се допадна на Мики маус, кој набргу се појави, поради што Џин се извини, предизвикувајќи смеа меѓу луѓето.