Македонка воодушеви во шоуто „Малта има талент“

835
Деница Апостоловска

Македонката Деница Апостоловска со оригиналната изведба на песната „Xemx“ во натпреварувањето „Малта има талент“ ја воодушеви јавноста на островската држава.

– Апостоловска, 32-годишната хигиеничарка која пред пет години се пресели на Малта само со ранец на грбот и остана тука, излезе на сцената со гитара и со насмевка. Покрај воодушевувањето на Малта со нејзината верзија на „Xemx“, Деница беше заслужна и првиот емотивен момент во шоуто – пишуваат малтешките медиуми.

Откако ги изведе и „Angels“ од Роби Вилијамс и „Born This Way“ од Лејди Гага, Деница кажа дека го посветува настапот на нејзината мајка која починала пред 20 години, што доведе до солзи членка на жири-комисијата, која исто така останала без својата мајка пред неколку години.

Четиричлената жири-комисија едногласно ја прати Деница во следната рунда од натпреварувањето.