Летачкиот автомобил стана реалност

1349

Јапонската компанија„ Скај драјв“ успешно го завршила пробното тестирање на својот летачки автомобил со луѓе во него, објавува Си-Ен-Ен.

Демонстрацијата се одржа на 25 август на полигонот на „Тојота“, еден од најголемите во Јапонија, се вели во соопштението на компанијата. Тоа е прва јавна демонстрација за летачки автомобил во Јапонија. Автомобилот со пилот, наречен „ЕсДи-03“, полета и кружеше околу полигонот речиси четири минути.

– Многу сме возбудени што го направивме првиот лет со автомобил со човечки екипаж, по само две години откако ја основавме „Скај драјв“, со цел за комерцијализација на ваквите летала – изјавил Томохиро Фукузава, извршниот директор на компанијата.

„ЕсДи-03“ е најмалото електрично возило со вертикално полетување и слетување во светот. Зафаќа простор колку два обични автомобила. Има осум мотори кои ја осигуруваат „безбедноста во итни случаи“.

– Сакавме ова возило да изгледа футуристичко, харизматично и пожелно за сите идни клиенти, со целосна интеграција на високата технологија. Компанијата ќе продолжи да развива технологии за безбедно и сигурноно лансирање на летечкиот автомобил во 2023 година – се вели во соопштението на компанијата.

Сѐ уште не објавена продажна цена на возилото.