„Лава-бомба“ погоди брод на Хаваите

458

Најмалку 23 лица се повредени во ерупцијата на вулканот Килауеа на Хаваите, кога парчиња карпи паднаа врз туристички брод.

Повеќето од повредените се здобиле со изгореници. Вулканот исфрлил големи парчиња растопени карпи а едно од нив го пробило покривот на бродот.

Сопственикот на бродот, Шејн Турпин ја носел туристичката група кон Килауеа токму да им го покаже истекувањето на лавата од вулканот во кој пролетоска се појавија нови потоци на лава кои уништија над 700 домови.