Илјадници го дочекаа изгрејсонцето на Стоунхенџ на првиот ден од летото

133

За жителите на северната земјина полутопка летото започнува денеска. Колкаво значење има ова годишно време за некои, покажа собирот во Велика Британија, поточно на локалитетот Стоунхенџ, каде што илјадници луѓе го дочекаа изгрејсонцето на првиот летен ден.

Летото ќе трае до 23 септември. Првиот летен ден ќе биде најдолг во годината, а ноќта најкратка.

Денот денес ќе трае 15 часа и 36 минути, а ноќта 8 часа и 24 минути.

Првиот летен ден во Македонија нѝ донесе сончево време и температури до 37-от степен.