Жолт снег ја покри Кина

309

Големо количество снег падна во регионот Синџијанг, чии жители на социјалните мрежи објавија фотографии и снимки од досега невиден феномен.

Прво паднал „обичен“ бел снег, а потоа преку него паднал и слој снег со жолта боја.

Директорот на метеоролошкиот институт во Синџијанг, Хе Чинг објасни дека дошло до мешање на снег и песочна бура.

– Од минатиот петок, многу места во Синџијанг се под влијание на силни ветрови. Во областа Карамај е регистрината песочна бура. Силните ветрови донеле песок јужно на градовите меѓу кои се Урумчи и Шанџи. Поради ниските температури, песокот паднал заедно со снегот- рече тој.