Бразилците со камења дочекани во татковината

374

Бразилски навивачи го каменуваа автобусот со кој фудбалската репрезентација се врати во земјата по настапот на Светското прванство во Русија.

Бразил беше елиминиран од Белгија во четвртфиналето и тоа очигледно некои од тамошните фанови не можат да го преболат.

Видеото што кружи на Интернет покажува како навивачите го сопреа автобусот и по него фрлаат камења и други предмети, а потоа полицијата реагира и ги растерува незадоволни фанови на „кариоките“.

Никој од членовите на стручниот штаб и фудбалерите не беа повредени, објавија бразилските медиуми.

Најмногу на удар од критичарите се најде Фернандињо поради автоголот и лошата игра на дуелот со Белгија кој Бразил го загуби со 1-2.