Американската полиција тајно тестира кучиња-роботи

109

Неодамна во САД се дозна дека полицијата во своите акции тајно тестирала хај-тек кучиња-роботи, поради што реагираа организациите за човекови права.

Откако државната полиција во Масачусетс објави видео-демонстрација на тест на кучето-робот, наречено Спот, американската унија за граѓански слободи (ACLU) упати јавно барање до компанијата „Бостон динамикс“, да обелодени колку долго се користи овој вид на технологија од страна на полицијата.

Организацијата од свои извори, има податоци дека полициските кучиња-роботи, способни да отворат врати и да избегнуваат друг вид на препреки, веќе биле користени за време на неколку акции, пренесува „Индипендент“.

– Владата често започнува да користи нова технологија пред да може да реагираат социјалните, политичките или правните системи. Итно ни треба поголема транспарентност од владините агенции, чија должност треба да биде да ја известат јавноста за плановите за тестирање и спроведување на нови технологии – се додава во соопштението на организацијата.

Според информациите кои во ACLU ги добиле од „Бостон Динамикс“, државната полиција склучила договор со таа компанија, во која било договорено тестирање на кучиња-роботи од 7. август до 5. ноември.

Сепак, полицијата во соопштение порала дека таа го користела Спот само во два наврати.