Авантурите на песот-моторџија

169

Невообичаената видео-снимка на која се забележува куче што се вози на мотор, зад неговиот сопственик кој управува со возилото, на автопат во Лас Вегас, САД, се прошири низ социјалната мрежа Твитер.

Станува збор за Сокс кој е познат како песот-моторџија на Инстаграм. Во биографијата на кучето е наведено дека поминало повеќе од 94 илјади километри возејќи се на мотор, во изминатите шест години.