Компанијата за софтвер „Сплеш Дата“ дозна дека корисниците на Интернет продолжуваат како и во минатите години да ги користат истите лоши и небезбедни лозинки кои можат многу лесно да се погодат. Сите што ги користат овие лозинки се под ризик на кибернапади и можноста да бидат „хакувани“ е навистина голема, а тука се појавува и ризикот за нивните лични и финансиски информации да бидат украдени и злоупотребени. Секоја година, „Сплеш Дата“ евалуира милиони лозинки за да открие кои од нив се најкористени во текот на измината година.

Дури и со општопознатите ризици за кои се смета дека се познати, милиони луѓе сè уште користат лозинки кои не се безбедни. Оваа 2018 година, петта година по ред, лозинките „123456“ и „пасворд“ уште ги држат водечките две места на листата, а следните пет се едноставни нумерички низи. Но, на оваа листа, 23-тото место го зазема лозинката „доналд“ – очигледно според претседателот на САД, Доналд Трамп.