Стотици луѓе синоќа го набљудуваа реткиот природен феномен познат по името „крвава волчја Супермесечина“ во Северна и во Јужна Америка, а беше видлива и во северните делови на Европа. Името на овој небесен настан потекнува од околностите во кои се наоѓа Месечината. За време на месечевата еклипса, Сонцето се наоѓа зад Земјата, а Месечината е во нејзината сенка, па така добива црвеникава боја, а навидум изгледа многу поголема, бидејќи тогаш се наоѓа најблиску до Земјата.