Фото: Маја Јаневска-Илиева

Со посебни протоколи, обележани патеки, истакнати прописи кои треба да се почитуваат, како и мерење температура и дезинфекција на рацете при влез, денес почна учебната година, како што се забележува на фотографиите на Маја Јаневска-Илиева, сликани во основното училиште „Коле Неделковски“ во Скопје, каде што почна наставата за учениците од прво до третто одделение.