Овче Поле 2022/Фото: Маја Јаневска-Илиева

Пејзажи од котлината

Овче Поле деновиве зеленее во сите нијанси на пченицата, јачменот и останатите житни култури. Понекаде само, очите одмораат на црвените булки. Виолетовото поле многу личи на цветот на лековитиот гавез. Помошното игралиште во Лозово е прекриено со бујни жолти цветови. Дали фудбалерите наместо тренинг со топка ќе го косат полето?

Котлината од левата страна на реката Вардар, позната и како Овчеполие, во најголем дел влегува во состав на општините Свети Николе и Лозово.

Овче Поле е втора по големина житница во Македонија, веднаш по Пелагонија, и зафаќа површина од 670 километри. Од житните култури покрај пченицата најмногу се одгледува и јачмен, ’рж, овес, просо и во помали количини, пченка.

Во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Овче Поле запишал дека има валчест облик и должина од запад кон исток од 8 часа, а широчина од север кон југ 4 часа. Своето име го должи на богатите пасишта, по кои што пасат бројни стада овци.