Фото: Игор Бансколиев

Борбените авиони „Ф-35“ од 134-от борбен сквадрон на Националната гарда на Вермонт денеска прелетаа над Скопје и се спуштија на аеродромот Петровец.

Прелетот и слетувањето на авионите „Ф-35“ на аеродромот во Петровец е предвидено како уште еден приказ на речиси тридецениското партнерство меѓу Армијата на Македонија и Националната гарда на Вермонт, како и подготвеноста на НАТО да ја заштити безбедноста на своите земји-членки.

Авионот „Ф-35“ има способности за електронско војување и разузнавање, надзор и извидување. Станува збор едносед, едномоторeн, повеќенаменски борбен авион. Моделот од петтата генерација е фокусиран на воспоставување на воздушна супериорност и реализација на мисии воздух-земја.