Поројните дождови и поплави кои ги зафатија западните делови на Јапонија однесоа стотина животи, десетици лица се водат како исчезнати, а причинета е и огромна материјална штета. Тоа е најголема катастрофа, поврзана со метеоролошки феномен на архипелагот, од 1982 година. Во спасувачките напори учествуваат десетици илјади полицајци, војници, пожарникари и медицински лица.