Кинеските градови се соочуваат со голем број на отфрлени велосипеди, воглавно од страна на компаниите кои ги изнајмуваат популарните превозни средства во најмногубројната светска држава. 

Оставените велосипеди честопати ги блокираат улиците, тротоарите и пешачките зони, со што кинеските власти се принудени да ги собираат и складираат на отпад.

Купиштата велосипеди, собрани на површина со големина како фудбалско игралиште, оддалеку наликуваат на уметнички слики или на скулптури.