Фото: Дарко Андоновски

Илјадници граѓани, спортски фанови и поддржувачи се собраа вчеравечер на плоштадот „Македонија“ и ги дочекаа европските ракометни шампиони – ракометарите на РК Вардар.

Неколку часа плоштадот пулсираше со позитивна енергија и извици на поддршка, а атмосферата кулминираше кога нашите ракометни шампиони се качија на бината и го подигнаа пехарот.

Вардарци ги пречекаа членови на нивните семејства, многубројни новинарски екипи и навивачи. Потоа, тие со автобус на ЈСП се возеа по градските улици до плоштадот „Македонија“ каде што се случуваше централната прослава во организација на Град Скопје.