Фото: Маја Јаневска-Илиева

По повод јубилејни 75 години постоење на весникот „Нова Македонија“, сликарот и хуманитарец Живко Поповски-Цветин утрово одржа цветна ликовна работилница во возот кој сообраќаше на релацијата Скопје – Битола. На присутните кои во моментот патуваа со возот, како и на кондуктерите и машиновозачите, Цветин им подари своја слика, заедно со новиот примерок на нашиот весник.