Малите автобуси наречени „џипни“ претставуваат своевидно обележје на главниот град на Филипините, Манила. Возилата се препознатливи и според графитите и муралите насликани на нив од страна на локалните уметници. Присуството на автобусите на улиците е доведено во прашање, откако е најавено дека возилата постари од 15 години ќе бидат исклучени од сообраќајот до 2020 година, како мерка за безбедност и за справување со загадувањето.