Поранешни членови на италијанската мафија дадоа своевиден увид во нивното насилно минато, покажувајќи ги тетоважите. Тату-уметникот Брајан Анастасио ги прикажа фотографиите од членовите на неаполската мафија Камора, сликани за документарниот филм „Мама вита миа“.

Оваа криминална организација е вмешана во бројни убиства, трговија со дрога, изнуда, но и во политиката, како и во бизнисот со справување со отпадот.

Убијците и останатите гангстери го раскажаа нивниот насилен живот преку тетоважите. Апреа Чиро посочува дека тетоважа ја означува неговата позиција во криминалниот клан. 

– Станува збор за хиерархиска организација. Пичото, камориста, шеф и шеф на шефовите… Секој од нас има титула. Јас сум згариста. Титулата е симболизирана со мал крст тетовиран на прст, за полесно распознавање. Преку гледање на нашите раце можат да ја дознаат нашата титула – објаснува Чиро.