Шаманизмот е заштитен со уставот на Монголија од 1992 година, откако беше забранет 70 години во времето на комунизмот.

На фотографиите е прикажана церемонијата со која се одбележува летната рамноденица, надвор од главниот град Улан Батор.

Шаманизмот опфаќа традиционални верувања и пракси што ја вклучуваат способноста да се дијагнозира и лечи. Одредени култури веруваат дека шаманите се способни да го контролираат времето и да објаснуваат сништа.