Студентите учат да одгледуваат марихуана во рамките на новата програма за производство на канабис на колеџот „Нијагара“. Марихуаната се складира во контејнери погодни за транспорт.

Канада е прва меѓу членките на Г-7 која легализира марихуана за рекреативна употреба. Употребата за медицински цели во државата е одобрена од 2001 година.

Минималната возраст за купување и употреба на канабис на федерално ниво е 18 години, а провинциите имаат право да воведат праг од 19 години. Полнолетните ќе имаат право јавно да купат до 30 грама сушена марихуана.

Консумирањето на марихуаната за рекреативни цели ќе стане законско во Канада неделава.