Фото: Игор Бансколиев

Носењето на заштитните маски се чини дека стана вообичаено за граѓаните на Скопје при излегувањето од нивните домови. Ваквата појава се забележува на фотографиите кои фоторепортерот на „Нова Македонија“ Игор Бансколиев ги направи попладнево, на плоштадот „Македонија“, каде што бројни минувачи носеа маски.