фотографии: Маја Јаневска Илиева

Вака изгледаше Скопје синоќа во 20 часот и во 23 часот поради воведениот полициски час на територија на целата земја. Полицискиот час е воведен на предлог на Комисијата за заразни болести со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од ковид-19. Владата одлучи до 22 март да биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со дозволи.