Фото: Маја Јаневска-Илиева

Скопјани наоѓаат начини за да се справат полесно со топлотниот бран додека ги извршуваат нивните секојдневни активности при високите температури, како што може да се забележи низ фотографиите на фоторепортерката на „Нова Македонија“ Маја Јаневска-Илиева, направени во центарот на главниот град.

Тимовите на скопскиот Цревен крст им делат вода и информативни флаери за граѓаните со цел полесно справување со високите температури, додека градските фонтани им помогнаа на дел од најмладите да се разладат.

Целата територија на Македонија во текот на денешниот и утрешниот ден ќе биде зафатена со температури од т.н. портокалова фаза кои се очекува да достигнат и до 41 степен Целзиусов.