Фото: Игор Бансколиев

Скопјани главно носат маски при извршувањето на секојдневните активности. Повеќето од минувачите во центарот на главниот град попладнево ги прекрија лицата со маски почитувајќи ги превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Низ фотографиите на Игор Бансколиев се добива приказ за начинот на кој жителите на Скопје се привикнуваат на новонастанатата состојба.