Фото: Горан Анастасовски

Околку 12.500 натпреварувачи од 58 држави учествуваа на денешниот петнаесети „Скопски маратон“. Како и секоја година, вниманието на јавноста беше вперено на скопските улици, каде илјадниците професионалци, рекреативци и ентузијасти се обидоа да ја минат целта во центарот на Скопје.

Првото место на маратонот во машка конкуренција го освои Чалачју Асмама Тируне со 02:15:37, второто Вилфред Кипчирчир Корир со 02:16:54 и третото во машка категорија му припадна на Гетаје Фисеха Гела со време од 02:19:32. Први три во женска конкуренција беа Јунис Њавира Мучири со 02:33:38, Јулитер Јепчирчир Тануи со 02:35:32 и Наоми Какоко Лимамуреи со 02:38:32.

Кај домашните натпреварувачи на маратонот од машките првите три беа Александар Кираџиев со 02:37:41, Марјан Бонев со 02:43:38 и Кокан Ајановски со време од 02:49:54, а од женските Адријана Поп Арсова со 02:52:52, Билјана Кираџиева со 02:58:15 и Катерина Шиповиќ со 03:20:30.